Гевгелиската кантавторка Оливера Станковска на годишнината од смртта на мајка си одлучи да открие чувствителен момент од нејзината животна приказна.
Пејачката која настапи на првиот „Макфест“ во 1986 година со композицијата „Осамена“, пред неколку дена со фановите сподели долгочувана семејна тајна.
– На денешен ден се разделивме… МАЈКО. Ти благодарам за сѐ. Што ја зеде за рака малата уплашена детска рака, од домот за деца без родители ВРАЧАР.. САВСКИ ВЕНАЦ ОД СРБИЈА – БЕЛГРАД. Ме донесе. Во Македонија, поточно во село Милетково. Ми даде сѐ. Ми ја купи првата гитара. Ме остави со доверба да одам по својот пат. Имаше само една желба. Да те гледам до крај. Ја исполнив. Прости ми што грешев. Јас друга мајка немам. Те имам тебе. Почивај во мир. АМИН – откри таа во посветата.
Станковска во златните времиња за македонската музичка сцена имаше неколку забележителни настапи на домашните фестивали, како изведувач, но и како автор. Во 1997 година издаде и албум за „Сенатор рекордс“.
Ј.П.