Викендот без ДДВ ќе се случи на 10, 11 и 12 октомври.
Оваа владина мерка треба да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“.
Граѓаните ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.
Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.
Што може да се купи, каде и по колку?
Од Владата за Фактор велат дека за да ви биде вратен ДДВ во цел износ ќе мора да купите сѐ што е македонско (храна и каков било производ произведен во Македонија или пак некаква услуга во домашен дуќан, на пример фризерница).
Сепак, цел ДДВ ќе се враќа и на купен компјутер или лаптоп, односно сѐ што е ИТ опрема.
Што друго треба да знаат граѓаните и на што треба да внимаваат?
Дуќанот од кој што ќе се пазарува мора да има апарат со фискални сметки, каде што точно е определено што е од македонски производи, а што промет од производи од странство.
Граѓаните ќе мора фискалната сметка да ја скенираат веднаш, односно само во тие три дена додека важи викендот без ДДВ, а не потоа.