Почина единаесетгодишниот Илче кој пред еден месец беше згрижен во семејна единица во Демир Капија откако претходно беше напуштен во семејната куќа во Охрид од двајцата родители, информира „Слободен печат“.
Тој имаше ретка дијагноза, но со медицинска грижа од тим од Детската клиника неговата здравствена состојба значително се подобри и беше пренесен во мал групен дом во селото Корешница.
Сепак, од засега непознати причини кои ги испитуваат истражните органи, Илче починал.
ИЛЧЕ ОД ОХРИД НЕ БИЛ ИСКАПЕН ЦЕЛА ГОДИНА, ЖИВЕЕЛ НА ЧЕРГИЧЕ НА ПОД
Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа на Министерството за внатрешни работи синоќа извршиле увид во семејната единица во селото Корешница во Демир Капија.
Јавниот обвинител издал наредба за обдукција во насока на откривање на причините за настанатата смрт.