fbpx

Беше чесен, жалосно за децата: Сите во шок по смртта на 35-годишниот музичар

Хрватскиот музичар Роко Јелиќ, член на далматинската клапа „Пунтамика“, почина на 35 години во болницата во Задар.

Неговите колеги раскажуваат дека првпат забележале дека нешто не е во ред со него пред неколку недели, кога славеле роденден на ќерката на еден од членовите на клапата.

„Беше видно ослабен, призна дека е болен и дека мора да се лекува“, раскажува неговиот соработник Марио Стефаниќ.

Роко позади себе остави две малолетни деца, син и ќерка. Свиреше мандолина, а во „Пунтамика“ музицираше последните три години. Беше и асистент на Поморскиот факултет во Задар.

– Беше вреден, скромен и чесен човек. Секогаш со топла насмевка од уво до уво. Никогаш не покажуваше нервоза. Едноставно пријател кој никогаш нема да умре во нашите срца – едногласни се неговите колеги.

Следни Објави

(ФОТО) Да се сакаш себеси е најхраброто нешто: Фифи го менува полот

Македонската трансродова пејачка Фифи Јаневска со секоја наредна објава на „Фејсбук“ пријатно ги изненадува оние што ја следат на социјалните мрежи. Owning our story and loving ourselves through that process is the bravest thing that we’ll ever do, напиша таа под една фотографијата. Фифи веќе подолго време живее и работи […]