Посветено на д-р Владимир Чадиковски
Прелистувајќи го мојот албум со фотографии, пред оваа здивот ми застанува, токму заради него, досега не ја објавив зошто устата не можеше да ми најде збор, зошто се’ уште не постои збор што толку ќе прилега на неговата големина, на тоа што е тој, а како да му кажам „од срце ти благодарам“ и мислам и тоа е малку..
Се’ што и да направам и кажам за него ќе е малку.. дамарот за него го посветувам, за овој единствен човек, хирург за кој светот пишува, а тој е наш.. Колку ли деца спаси, колку ли мајчински и татковски срца израдува, чекајќи пред операционата сала да ги видат твоите очи и ги слушнат твоите зборови „се’ е добро, не грижете се“..
Ах, една од нив бев и јас, пред 15 години кога мојот син беше во твоите раце.. Се’ уште ти го паметам ликот од тој миг, чекајќите да излезеш.. мојата најдолга и најтешка ноќ.. Ти си нашиот ангел со огромно срце и душа, за тебе никогаш не беа важни материјалните нешта, очите твои се смееа кога ќе ги испратеше дома здрави и живи, твојот однос е како сите да се твои деца, сиромашни, богати, познати, непознати, сите беа исто за тебе..
Ах убавецу наш, големино, биди здрав и жив , на сите си ни потребен..
Пред вистината и Боговите молчат, а ти си вистина..
Кога помислувам дека „тајната на големите луѓе е во едноставноста“, ти си примерот.
Фејсбук-статус на Адријана Алачки
* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Те сакам, докторе: Алачки проговори за односот со Жан Митрев