На Градските гробишта „Бутел“ во Скопје денеска беше погребана познатата македонска архитектка Марина Мициќ, сопственичка на компанијата „Милениум дизајн“.
Македонската јавност е шокирана од нејзиното прерано заминување. Мициќ, инаку родена 1971 година, важеше за една од најкреативните архитектки на својата генерација.
– Колку прекрасни луѓе денес ја испратија, само уште еднаш се потврди каква прекрасна личност ни отиде меѓу ангелите – напиша за неа познатата новинарка и водителка Бранка Костиќ Марковиќ.
Со емотивни посвети, пријателите се збогуваат со Мициќ на социјалните мрежи.
– Патувај со ангелите прекрасна Марина. Да го пронајдеш својот мир убавино. Премногу ќе недостасуваш. Секогаш во најубавите спомени со тебе. Душо најубава. Искрено и длабоко сочувство до цела фамилија. Најубавите души секогаш прерано заминуваат. Ах, Маринче моја – напиша Маја Кастратовиќ.