Во 47-та година од животот ненадејно почина Борис Џепароски, охриѓанец кој долги години живееше и работеше во Германија.
Џепароски го привлече вниманието на јавноста со своите уметнички дела направени со резбање дрво со моторна пила.
Важеше за вистински патриот, голем вљубеник во родниот град и во Македонија, виртуоз кој на несекојдневен и уникатен начин правеше преубави скулптури.
Од неговите дела се издвојуваат дрвената скулптура на Св. Наум Охридски поставена пред истоимениот манастир во 2006 година, како и гитарата од камен која стои покрај вечното почивалиште на Тоше Проески.