Најблиските пријатели на д-р Трајче Нешковски (32) кој вчера трагично го загуби животот, денеска на социјалните мрежи евоцираат спомени за него. Велат дека бил злато од дете, вистински другар, омилен лекар кај пациентите.
„Пред две години му игравме на свадба, а пред две недели го прослави вториот роденден на ќерката Јована, инаку крстена по татко му“, велат тие.
Од фејсбук-профилот на неговата сопруга Ема, инаку магистер по правни науки, може да се види дека таа му била најголема поддршка, особено по почетокот на кризата кога Нешковски почна да работи во ковид-центарот.