fbpx

Беспарица, лекување во Прилеп, неизвесност.. Детали од животот на Тоше

Со извадоци од книгата „Ова не е крај“ потпишана од новинарката Соња Алексоска Неделковска, „Женски магазин“ денеска се сети на Тоше, 13 години по трагичниот настан во кој легендарниот македонски пејач го загуби животот.

Во книгата, меѓу другото, е раскажано за беспарицата во семејството Проески, за страбизмот на малиот Тоше и лекувањето во Прилеп..

„Носеше очила и беше многу дисциплиниран. Три години секој ден го носевме во Прилеп на вежби за видот. Имавме пари само за автобуска карта во два правца. Еден ден, пред да одат на вежби влегле со мајка ми во продавница. Пред нив еден човек си купувал вакумирани кикиритки. Тоше ја прашал мајка ми: „Дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики“, откри неговата сестра Дора.

Следни Објави

Дали Господ ги зема најдобрите: Проговори сопругата на Нешковски

Три дена по трагедијата во која животот го загуби младиот лекар Трајче Нешковски, на „Фејсбук“ се огласи неговата сопруга Ема со која се ожени пред само две години и со која ја има ќерката Јована. Нејзината емотивна посвета ви ја пренесуваме во целост: „Сѐ уште се трудам нешто да кажам, […]