fbpx

Дали Господ ги зема најдобрите: Проговори сопругата на Нешковски

Три дена по трагедијата во која животот го загуби младиот лекар Трајче Нешковски, на „Фејсбук“ се огласи неговата сопруга Ема со која се ожени пред само две години и со која ја има ќерката Јована.

Нејзината емотивна посвета ви ја пренесуваме во целост:

„Сѐ уште се трудам нешто да кажам, да сфатам што навистина се случи…. Дали е ова вистина или само сон?! ТИ кој беше неуморен зацртаното да го оствариш, а ветеното да го исполниш. ТИ за кого немаше нешто невозможно и нешто недостижно. ТИ кој целиот живот го посвети во давање совети и помош на секого и за сѐ. ТИ вистинскиот добронамерник, искрениот, хуманиот. Зошто ова ти се случи тебе?!

Дали е вистина тоа дека Господ крај себе ги зема најдобрите?! ТИ кој помагаше на сите, не успеа самиот да се заштитиш? И сега, како понатаму? Што сум јас без тебе? Ниедна солза не може да те исплаче, а секоја е тешка како планина.

Дали мојата најголема награда е што те имав тебе, човек со џиновско срце, срце како планина?! Знам, не би сакал да ме видиш скршена од болка, ама верувај премногу боли. Исто така знам дека некаде од небото ме гледаш, знам дека нема да ме оставиш сама. Знам дека ќе нѐ чуваш мене и Јована. На Јована ќе ѝ ја раскажуваме твојата богата приказна на која таа ќе биде горда затоа што имала татко како тебе. Татко ХЕРОЈ.

Баш како што и самиот пред некој ден кажа: „Секоја генерација си има своја борба, а секоја борба свои херои“.

Епа ТИ си нашиот херој, херојот на нашето време!!!

Следни Објави

Катастрофални бројки: Десет лица починаа во еден ден

Во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 200 -Куманово 16 -Дебар 2 -Штип 9 -Прилеп 29 -Тетово 30 -Струга 2 -Велес 6 -Битола 14 -Охрид 4 -Кавадарци 17 -Гостивар 5 -Гевгелија 15 -Струмица 11 -Крива Паланка 1 -Радовиш 6 […]