fbpx

Драматично во ноември и декември: Еве што носи затемнувањето на месечината и сонцето!

Влегуваме во нова ера, ви претстојат многу неочекувани предизвици

Годинава е почетокот на нова астролошка ера. Како и во било кој процес на раѓање, неизбежни се „породилните маки“ за да може да дојде новиот живот на свет.

Активното потврдување на улогата која сакате да ја играте во обликувањето на светот кој доаѓа и тестовите со кои ќе се соочите ќе ви помогнат да развиете нови нивоа на внатрешна сила како и нови вештини кои ќе ги споделите со другите.

Во центарот на промените се циклусите на Јупитер, Сатурн и Плутон. Годината започна со сретнување на Сатурн и Плутон во Јарец, а завршува со конјукција на Сатурн и Јупитер во Водолија, додека пак Јупитер се сретнува со Плутон три пати во текот на годината.

Влијанието на Плутон на Јупитер и Сатурн ќе ги извади на површина проблемите во општеството на кои им е потребна иновативна реформа, со акцент на глобалната економија. На тапет се општествени немири како и виталните промени, а нивниот интензитет е зголемен откако Марс се укотви ретроградно во Овен од 9 септември.

Ретроградниот оган на Марс ќе биде доминантна тема во последниот квартал од годинава затоа што ќе формира силни квадратни аспекти со Сатурн, Плутон и Јупитер пред да појде директно од 13 ноември.

Иако ретроградните периоди на Марс можат да бидат во врска со фрустрирачки блокади во мотивацијата, внатрешниот фокус на Марс исто така создава потенцијал за повторно изедначување со вашите најдлабоки внатрешни страсти.

2020 година ќе заврши со драматични заклучоци со затемнување на месечината во Близнаци на 30 ноември, после кое следи затемнување на сонцето во Стрелец на 14 декември, кое пак ќе остави простор за долго очекуваната конјукција на Јупитер и Сатурн.

Конјукцијата на Јупитер и Сатурн на 21 декември исто така ќе формира прочистувачки квадратен аспект со Уран во Бик, притисокот што се создаваше во текот на годината помеѓу смртта на старите форми и раѓањето на нови аспирации ќе се опушти.

Време е да се запрашате што треба да отфрлите како би направиле место за она што ви е значајно затоа што ќе ви се укажат непредвидени можности и предизвици во моментот кога колективно ќе влеземе во ерата во која Јупитер и Сатурн се здружуваат во воздушните знаци на крајот на годината.

Следни Објави

Кој ќе се бори сега за нас: Колегите во шок, почина Сашо Михајловски

Ненадејно почина Сашо Михајловски, синдикалниот претставник од ТВ Алфа. Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели уредничката на телевизијата, новинарката Искра Коровешовска. – Ах бе Сашо Михајловски, ни отиде.. Кој ќе се бори за сите нас сега.. Лесна нека ти е земјата, сочувство до семејството.. Алфа имаше БОРЕЦ за работничките […]