fbpx

Кој ќе се бори сега за нас: Колегите во шок, почина Сашо Михајловски

Ненадејно почина Сашо Михајловски, синдикалниот претставник од ТВ Алфа.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели уредничката на телевизијата, новинарката Искра Коровешовска.

– Ах бе Сашо Михајловски, ни отиде.. Кој ќе се бори за сите нас сега.. Лесна нека ти е земјата, сочувство до семејството.. Алфа имаше БОРЕЦ за работничките права, колега, добричина.. Го изгубивме – напиша таа на „Фејсбук“.

Колегите со неверување ја примија веста.

„Како така наеднаш, што се случило“, „Ах, колку ме потресе, Сале беше другарчиште“ се само дел од коментарите.

Следни Објави

Утре ќе те погребаме, прости за нашата себичност: Искра скршена од болка

По ненадејната смрт на Сашо Михајловски, синдикалниот претставник од ТВ Алфа, денеска се огласи и популарната водителка Искра Мишиќ. – Сале, колега наш, Сале пријателу наш најголем, Сале ЧОВЕЧИШТЕ, утре ќе те погребаме. Сале, прости ни за сета наша себичност, за нашата неспособност сами да се справиме со своите проблеми, […]