fbpx

Утре ќе те погребаме, прости за нашата себичност: Искра скршена од болка

По ненадејната смрт на Сашо Михајловски, синдикалниот претставник од ТВ Алфа, денеска се огласи и популарната водителка Искра Мишиќ.

– Сале, колега наш, Сале пријателу наш најголем, Сале ЧОВЕЧИШТЕ, утре ќе те погребаме. Сале, прости ни за сета наша себичност, за нашата неспособност сами да се справиме со своите проблеми, за сиот товар што ти го наметнавме тебе, за тоа што никогаш не те прашавме како си ти, како издржуваш со нас. Прости ни што не те заслужувавме. Сале наш, Алфа нема да е веќе никогаш иста без тебе. Очајно ни недостасуваш. Боли твоето отсуство. Вечна ти слава ДРУГАРУ НАШ – напиша таа на „Фејсбук“.

Колегите од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) вчера евоцираа спомени за Сале кој, според нив, бил професионалец во својата работа, омилен колега меѓу вработените, а пред се’ човек подготвен да им помогне на другите.

„Како личност беше тивок и мирен, но упорен и истраен и некој кој не трпеше неправди.. Последната битка му беше организирање штрајк поради неисплатената септемвриска плата на вработените во телевизијата, но и судската тужба до менаџментот на телевизија Алфа за неоснована дисциплинска постапка, преиначена во опомена, откако во изминатите два месеци против него менаџменотот имаше поднесено уште две други дисциплински постапки кои паднаа на комисиско ниво уште во самата телевизија.

Силниот притисок под кој се наоѓаше од страна на менаџментот на телевизијата како синдикален лидер Михајловски го споделуваше со колегите во телевизијата, со нас во ССНМ, но велеше ќе се изборам.

И се избори многу пати, тоа најдобро го знаат колегите од Алфа ТВ кои со него загубија вистински синдикален лидер и свој заштитиник. Тоа најдобро го знае ССНМ кој загуби голем синдикалец и свој потенцијален претседател.

Но, Сале не се избори со најважната битка, битката за животот. Почивај во мир драг човеку. Остави зад себе трага која ќе ја паметиме и залог дека битката никогаш не смее да запре“, порачаа од ССНМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Се бакнавме и излезе: Таткото на Влатко Илиевски проговори за последната ноќ пред трагедијата

Сo години се дрогираше, мајчинството ја спаси: Ќерката на Мишо Ковач има неверојатна приказна

Срна секој ден прашува за него: Пејачката Маја Саздановска за починатиот сопруг

Следни Објави

Македонија тагува: Две родени сестри починаа во ист ден

По кратко боледување на 21 октомври во ист ден починаа двете родени сестри и сестри Евхаристинки, с. Леонија и с. Татјана. Сестра Леонија долги години работеше во Очното одделение при Општа болница Струмица, а сестра Татјана го водеше Катедралниот хор во Скопје. Сестра Леонија ќе биде погребана денеска во 16 […]