По кратко боледување на 21 октомври во ист ден починаа двете родени сестри и сестри Евхаристинки, с. Леонија и с. Татјана.
Сестра Леонија долги години работеше во Очното одделение при Општа болница Струмица, а сестра Татјана го водеше Катедралниот хор во Скопје.
Сестра Леонија ќе биде погребана денеска во 16 часот на Католичките гробишта во Струмица, а погребот на сестра Татјана е утре на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје со почетокот во 13.30 часот.