Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус. Докторот добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје.
Бројни лекари напишаа емотивни посвети за својот колега. Меѓу нив и д-р Гордана Николиќ.
– Од „неопасниот“ вирус, јас би рекла од најнепредвидливиот вирус, вчера изгубивме колега од Кумановската болница, хирургот Д-Р Драган Тасевски. Нека му е лесна земјата, а со свои 59 години не беше за во земја.. Колку се’ е релативно, денес сме тука, утре не сме. Вирусот е дефинитивно руски рулет. Нека почива во мир, тажно, навистина тажно.. веројатно јас како паталец поинаку го доживувам вирусот – напиша таа на „Фејсбук“.