fbpx

Ги поминавме сите афери на злите усти: Алачки искрено за Горан

По искрените зборови кои ги имаше за реномираните лекари Жан Митрев и Владимир Чадиковски, Адријана Алачки одлучи јавно да проговори за уште еден важен маж во нејзиниот живот.

Популарната пејачка и автор на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ овојпат проговори за нејзиниот однос со сопственикот на угостителскиот комплекс „Етно село“, Горан Тимчевски, за кој некои луѓе тврдеа и дека ѝ е повеќе од пријател.

Дел од нејзиното емотивно обраќање ви пренесуваме во продолжение.

„Драг Горан, добив инспирација да напишам нешто што ми извира од душата, а можеби малкумина го знаат за тебе. Те познавам долги години и затоа го имам ова право да кажам дека си голем човек.

Никогаш и никаде не ја покажуваше твојата големина, беше поскромен и од најскромниот, беше поголем работник и од најголемиот работник во „Етно село“, на сите им подаде рака кога најповеќе им беше потребна, без да чекаш возврат. Се соживуваше со сите проблеми на твоите вработени, повеќе им беше брат отколку „газда“ , некои знаеа да го почитуваат тоа, а некои не, знаеше се’ и им даваше втора ,,шанса“ велејќи дека секој има право на грешка..

Ги отвораше портите на твоето срце на сите околу тебе, свесно и неважно дали добиваш или губиш, така растеше „Етно село“, со народот и за народот..

Понекогаш ќе згрмеше, но за неколку секунди повеќе тебе те болеше од другиот. Ти сервираа лажни вести да напакостат, но не им успеваше.. дека ти веруваше во луѓето околу тебе..

Мене години ми беше брат, мајка, татко, другар до коска, заедно делевме убавини, успеси, проблеми, кога ќе ме видеше тажна само ќе прашаше „што е работата“ и „не се грижи, ќе ја решиме“ ми беше столб за многу животни работи, и без договори и преговори се’ се одвиваше совршено, со поглед се разбиравме.. и до ден денешен..

И сите афери на злите усти што ги зворуваа за нас ги поминавме, многу невистини, но ако се наведнувавме по секое каменче што не’ спрепнуваше не ќе стигневме до целта“.

Следни Објави

Седум години сме во неформален брак: Татјана Стојановска искрено за Михаил

Познатата презентерка објаснува зошто не ја официјализираат врската Со Михаил сме заедно осум години, од кои седум живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење, открива Татјана Стојановска во […]