Познатиот пејач и инструменталист, гевгеличанецот Васил Ангов, почина од Ковид-19, дознава „Мастило“.
Пред дваесеттина години, Ангов беше многу популарен пејач на забавни мелодии кај нас. Имаше забележителни настапи на „Макфест“, а публиката го препознава по баладата „Оди, адио“.
Со музика се занимава и неговиот син Димитар со кого последните години заедно настапуваа по локалните клубови.