fbpx

Седум години сме во неформален брак: Татјана Стојановска искрено за Михаил

Познатата презентерка објаснува зошто не ја официјализираат врската

Со Михаил сме заедно осум години, од кои седум живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење, открива Татјана Стојановска во интервју за „Женски магазин“.

Познатата ТВ-презентерка и поранешна Мис на Македонија објаснува дека поради одредени околности и прилагодувања, не дошло до официјализирање на врската, но и нагласува дека заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот.

Стојановска раскажува дека она што најмногу ги врзува е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности и грижата за децата.

– Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што нѐ спојува – вели таа за „Женски магазин“.

Следни Објави

Оди, адио.. Музичарот Васил Ангов почина од Ковид-19

Познатиот пејач и инструменталист, гевгеличанецот Васил Ангов, почина од Ковид-19, дознава „Мастило“. Пред дваесеттина години, Ангов беше многу популарен пејач на забавни мелодии кај нас. Имаше забележителни настапи на „Макфест“, а публиката го препознава по баладата „Оди, адио“. Со музика се занимава и неговиот син Димитар со кого последните години […]