fbpx

Пред само една недела се радуваше за внуката: Почина Амди Бајрам

Лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, почина на 64-годишна возраст, јавуваат медиумите на ромски јазик. 

Долгогодишниот политичар починал на клиниката Филип Втори. Бајрам имал проблеми со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.

Пред само една недела се одржа свадбата на неговата внука за која се крена голема врева во медиумите. Бајрам за „Фокус“ потврди дека веселбата се одржала на брод во Истанбул на која присуствувле 600 гости од кои 370 се од Македонија. 

„Најважно е тоа што има свадба, а во исто време не ги прекршивме законите во земјава. Свадбата беше планирана долго, но поради рестрикциите неколку пати беше одложувана. Мораме да ги почитуваме препораките на власта. Во никој случај не сакаме да биде загрозено нечие здравје“, изјави тој.

Следни Објави

Едноставно те нема, а толку те имаше: Ќерката на Амди скршена од болка

Смртта на поранешниот пратеник Амди Бајрам стана топ-тема во медиумите, особено по шпекулациите дека тој ќе биде погребан во Алејата на Великаните. И покрај препораките и забраните на здравствените власти поради состојбата со Ковид-19, неговото семејство најави масовен погреб на кој ќе бидат испочитувани сите обичаи. Доцна синоќа, со емотивна […]