Александра Јорева Михајловска, сопругата на познатиот актер Тони Михајловски, преку емотивен статус на социјалните мрежи одлучи да проговори за сериозната болест со која се соочила.
Јорева која цели седум месеци била на посебен режим на исхрана, во подолг статус им се заблагодари на сите важни луѓе во нејзиниот живот кои ѝ помогнале полесно да го издржи постоперативниот период и хемотерапијата.
Александра на 24 октомври минатата година била примена на генеколошко акушерскиот оддел во една приватна болница за целосна хитерктомија со дијагноза adenocarcinoma serosum endometrii. Операцијата траела околу четири и пол часа.
– Еве ме една година подоцна да се заблагодарам на дел од луѓето во мојот живот, за се’ да заврши како што треба. Денес е мојот прв роденден како сум чиста од канцер! Благодарна на Бога и на Мајкичка Богородичка! Ви благодарам што постоите луѓе! Сакајте се, чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме. Затоа што борбата е тешка, душата боли, а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста, никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе! Да бидеме живи и здрави уште бар 100 години. Д-р Ивановски рече дека ќе живеам уште 30, да не му ја мислам, така да јас се држам на тој муабет – напиша, меѓу другото, таа на „Фејсбук“.