Пред еден месец Јулија Мациевска одлучи да проговори за болеста на нејзината ќерка Андријана.
Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер сега објави и неколку фотографии од Клиниката за онкологија и на своите бројни следбеници на „Фејсбук“ им раскажа за секојдневните предизвици низ кои поминува со нејзиното дете.
– Денеска трета хемо за Андријанче, на државна клиника за онкологија. Прифативме низ овој предизвик да се носиме со насмевка, зашто веруваме во најголемото добро, исцеление за Андријана. Прекрасната екипа на онкологија Жане, Мики, Тања, на чело со д-р Нино Васев, кои се максимално посветени и професионални, за што од срце им благодариме. Но, најважно од се’ што имаат голема љубов која несебично ја споделуваат секојдневно со пациентите.
Благодарност и до сите вас драги луге, кои секојдневно не’ подржувате и ни олеснувате во овој предизвик. Се’ уште не сме во можност, но ќе ги споделиме и нашите чувства, емоции и нашите искуства низ овој процес, зато верувам ќе им бидат од корист на сите кои минуваат низ иста или слична дијагноза. За канцерот треба да се зборува и секој придонес е многу важен. Од Клиниката за онкологија ви посакувам на сите добро здравје и се најубаво. Бидете благословени од Бога – напиша Јулија.