Пациент од Куманово н 27 години починал на Инфективната клиника во Скопје од Ковид-19, потврдија од Министерството за здравство за порталот „МКД.мк“.
Момчето било примено на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба, а пред тоа неколку дена се лекувал дома. Пациентот бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница.
Пред само еден ден од Ковид-19 почина уште еден млад пациент на 35 години кој исто така немал претходни заболувања.