fbpx

Трипати се мажеше, не ги крие гревовите: Живот како на филм!

Три големи љубови ѝ го обележаа животот. Првиот сопруг на Цеца Бојковиќ почина во 1993 година кога веќе беа разделени, а со вториот остана до крајот на неговиот живот во 2004 година. По третпат се омажи за дипломат

Светлана Цеца Бојковиќ е родена 1947 година во Земун. Пораснала на Врачар. Нејзината мајка Вера била домаќинка, а татко ѝ Цветко офицер и геодет на Воено-географскиот институт во Белград. Цветко Бојковиќ е родум од Куманово. Кога завршил Кралска воена академија ја запознал Вера и се доселил во Белград.

Бојковиќ во едно интервју призна дека родителите ѝ биле доста строги и посветени на неа, со оглед на тоа што била единица. Се знаело кога се јаде, кога се спие или учи. Токму тоа ја натерало да стане актерка за да се ослободи од стегите и формалноста која владеела во нивниот дом.

Многу рано почнала да свири клавир, па паралелно со основното училиште посетувала и музичко. Завршила во IV белградска гимназија, природно-математички смер, но и Средна музичка школа. Во една прилика кажала дека отсекогаш била активна. Одличен ученик и во двете школи и една од првите добитнички на Вуковата награда.

Актерството уште од детството и било голема љубов. Редовно ја носеле на претстави, прво во Марионетскиот театар, а потоа во театарот „Бошко Буха“. Во текот на основното и средното училиште била член на драмски секции, па уште како гимназијалка приредила рецитал со кој нејзиното училиште се натпреварувало.

На 16 години почнала да глуми во Аматерскиот театар „Дадов“, а по матурата веднаш се пријавила за полагање на приемен испит на Факултетот за драмски уметности во Белград. Нејзините родители биле очајни затоа што со оглед на нејзиниот успех можела да запише на било кој друг факултет за кој не би морала да полага приемен испит.

Првата голема љубов

За полагање ја подготвил актерот и тогашно момче Милош Жутиќ. Баш во тој период започнува нејзината голема љубовна приказна. Три години подоцна и се венчале.

– Во таа насока се’ ми се случуваше побрзо од вообичаеното. Две години по уписот на Академија, уште како студент по одлука на Бојан Ступица бев примена за член на ансамблот на Југословенскиот драмски театар. Таа 1968 година играв во седум премиери, а имав и осма, лична: се омажив за Милош Жутиќ. Потоа во 1970 дипломирав, а бргу после тоа, кон крајот на 1972, ја донесов на свет Катарина, мојата Каја – раскажа своевремено актерката.

Во таа пригода се присети и на нејзините први денови кога станала мајка.

– Многу сакав да останам бремена и кога дознав дека носам дете, тоа го прифатив како дар од Бога. Бев пресреќна. Во текот на бременоста имав само позитивни мисли, а породувањето го доживеав космички. Не постои ништо на овој свет што може да се спореди со моментот кога го слушнав првиот плач на мојата Каја – изјави Бојковиќ.

За првиот сопруг Милош се омажила кога била трета година на факултет. Тој бил осум години постар од неа.

– Бевме незрели за брак и дојде до ерозија во нашата заедница, но не и во нашиот човечки однос. Таа релација остана на ниво до крајот на неговиот живот, до неговите 54 години и покрај фактот што и двајцата бевме во нови бракови – јас со режисерот Љубомир Муци Драшкиќ, а тој со актерката Огњанка Огњановиќ, со која го доби синот Ѓорѓе. За жал, Милош го совлада најтешката болест – појасни во едно интервју таа.

Бракот со Милош Жутиќ доживеал крах кога Светлана се заљубила во друг човек, режисерот Љубомир Муци Драшкиќ, што и отворено му признала на тогашниот сопруг.

– Врската со Муци ја започнав како зрела личност и формирана актерка. Нашата љубов се роди на работа, двајцата бевме во жирито за наградата „Бојан Ступица“, поради што патувавме заедно. На почетокот како познаници разговаравме за се’ и сешто, и јас не ни забележав што се случува. Само еден ден сфатив дека се заљубив. Со Милош отсекогаш бев многу искрена, пред се’ затоа што премногу го почитував и не сакав да се доведам во ситуација да го лажам. Одлучив да поразговарам со него, отворено – искрена е Светлана.

Нова љубов пред разводот

На шега знаеше да каже деа нејзините бракови се преклопиле во осумдесеттите години. Во заедницата со Муци влегла пред разводот со Милош.

– Мојата и љубовта на Муци беше појака од сите правни норми, а официјално се венчавме во 1990 година, затоа што и тој, исто како јас, излезе од брак. На крајот на деведесттите почна да тоне, да го фаќа некој вид депресија. Никогаш претходно не сакаше да посети лекар. По бомбардирањето, другарите го однесоа во болницата „Свети Сава“ и тогаш му констатираа проблем со крвните садови. Почина во 2004 година од срцев удар во шеесет и седмата година од животот.

Третата љубов ѝ донесе мир

Сегашниот сопруг Славко Крулјевиќ го запознала преку заеднички пријатели.

Претходно, тој четири години бил во Њујорк кадешто ја обавуваше функцијата на заменик шеф на мисијата на Србија при ОН.

– Кога се врати, нашите пријатели не’ повикаа на вечера на која се запознавме. Тие тогаш продолжија да организираат средби за ние подобро да се запознаеме, и така тоа траеше два месеца, односно додека на крај сами не отидовме на ручек – раскажа Бојковиќ во една прилика.

Следни Објави

Естрадата во шок, му немало спас: Младиот пејач избоден до смрт

Нова трагедија ја потресе музичката сцена Раперот MoneySign Suede (22) е пронајден мртов. Младиот пејач и музичар бил избоден со нож во вратот во затворскиот тоалет, а безживотното тело било пронајдено на неколку метри од неговата ќелија, јавуваат американските медиуми. MoneySign по потекло е од Лос Анџелес. За кратко време […]