fbpx

Кавадарци завиен во црно: Почина и помалиот брат во семејството Ѓерѓеви

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот официјален фејсбук-профил објави тажна вест која ги вознемири неговите сограѓани.

– Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од три дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови – напиша тој.

Следни Објави

Се борам за здив, ми фалат 9.000 евра: Југослав бара донации за приватно да се лекува од корона

Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате, Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика. Се борам за секој нареден […]