Кавадарци е завиен во црно по информацијата дека по смртта на 26-годишниот Марјан Ѓерѓев денес битката со коронавирусот ја загуби и неговиот помал брат, 21 годишниот Горан.
Да биде судбината потажна, пред пет години починала и нивната мајка од компликации од свински грип, на само 40 години, пишува порталот „ММС.мк“.
Позитивен на Ковид-19 е и нивниот татко кој се лекува во домашни услови. Тој живее со неговиот најголем син, 29-годишниот Ѓорѓи кој е оженет.
Можеби ќе ве интересира: