Уште еден македонски лекар ја загуби битката со коронавирусот. Од компликации предизвикани од Ковид-19 почина д-р Владимир Евтимовски, а тажната вест со заедничка фотографија на социјалните мрежи ја сподели неговиот колега Арѓент Имери, радиолог и субспецијалист по дијганостика на дојка.
– Мојот драг колега д-р Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти! Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш! – напиша тој на „Фејсбук“.