Минатата недела за Фокус имав изјава дека за оваа недела очекуваме 1200 на ден.
Јас не сум видовит ниту измислив топла вода, епидемиологијата научно објаснува, а јас во тоа верувам и почитувам.
Наредната ќе биде уште полоша, бидејќи ништо сериозно и драстично не превземаме. Убеден сум дека епидемијата е далеку од природен „замор“ по она што го гледам кај моите пациенти кои се одличен статистички примерок од повеќе аспекти.
И минатата недела, еве и сега, пцујте и вреѓајте, мислете поинаку, тоа никако не ја менува ситуацијата.
Јас имам обврска да зборувам вистина. Простете, на кој не му одговара, нека не ме чита.
Фејсбук-статус на д-р Ненад Лазаров
* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“