fbpx

Михаило собираше пари за својот татко, не успеа да го спаси

Почина штипјанецот Ристе Донев за кого се собираа донации за лекување од Ковид-19 во приватна болница, објави Телевизија 24.

Лекувањето во приватна болница на педесет и тригодишниот Донев беше единствена надеж за неговото семејство кое собираше донации за да плати 12 илјади евра на приватната клиника.

Ристо Донев шест дена се лекувал во штипската болница, а откако значително му се влошила здравствената состојба, тој морал да биде хоспитализиран во Скопје. За жал, како што раскажа неговиот син Михаило, за неговиот татко немало место во клиниките и единствено решение за семејството да го спаси било хоспитализација во една од приватните клиники.

„Во државно никому не му е гајле за обичните луѓе, на приватно е изгор, а за жал тоа е единствената надежна опција.. Кога не можеше државата да му обезбеди соодветно место за лекување, ги повикувам сите хумани луѓе да помогнат во оваа тешка битка. Благодарам од срце“, напиша Михаило пред една недела на социјалните мрежи.

Според информациите, Донев најверојатно се заразил на работното место.

Следни Објави

Ќе ве расплачат: Трогателни стихови на д-р Нико Беќаровски

НОЕМВРИСКО КОВИД ДЕЖУРСТВО Почнува уште една ноќна ноемвриска смена, и веднаш познат звук, Брза Помош е без дилема. Дојдете веднаш, на човекот му се слоши, последните животни мигови ги троши. Скафандер, ракавици, визир, маска, веќе уиграна шема до даска. А тој за воздух се бори, добро позната ноќна мора, неговиот […]