fbpx

Ќе ве расплачат: Трогателни стихови на д-р Нико Беќаровски

НОЕМВРИСКО КОВИД ДЕЖУРСТВО

Почнува уште една ноќна ноемвриска смена,

и веднаш познат звук, Брза Помош е без дилема.

Дојдете веднаш, на човекот му се слоши,

последните животни мигови ги троши.

Скафандер, ракавици, визир, маска,

веќе уиграна шема до даска.

А тој за воздух се бори, добро позната ноќна мора,

неговиот исплашен поглед говори повеќе од илјада збора.

Помодрен, преплашен, како да е тој крив,

со последни сили се бори за барем уште еден здив.

ПРЕДОЦНА!!! …..

Уште една смрт, уште една линија права,

вирусов пред нови искушенија не става.

Згасна живот, уште една изгубена борба,

секој ден се пополна е ковидовата смртоносна торба.

Молк, мачнина во душа,

само звукот на мониторот се слуша.

Алармира, срцето го кине, ремети мисли,

наговестува дека ковидот нова трагедија ќе смисли.

Создава мачнина, главоболка, тензија дига,

страв што со следната Брза помош ни стига.

А алармот од мониторот и понатаму ѕвони,

тој проклет звук животите ни ги рони.

До кога упорно ќе не прати,

колку години од животот ќе ни скрати.

Со него легнувам со него се будам,

се трудам некако да не полудам.

Ние „воините“ во бел мантил веќе не сме исти,

ни во глава, ни во срце и во душа не сме повеќе чисти.

Премногу смрт, премногу тага за кратко време

никој од нас за ова не беше спремен.

Секоја секунда, минута саат,

да се бориме за животот на нечиј татко, сопруг или брат,

нечија мајка, сестра или жена,

чиј што живот одеднаш свена.

Доаѓа крај и на оваа ноќна мора,

време е за дома во маглива зора.

КАКО?????…..

Со солзи во очи, грутка во грло и наведната глава,

а, безброј неодговорени прашања ме глават.

А надвор луѓе без маска, дистанца рој,

затоа секој ден имаме нов рекорден број.

Е тогаш уморот минува во бес,

тагата во неизмерлив стрес.

Кога луѓето веќе еднаш ќе сфатат,

дека за неодговорноста со живот ќе платат.

Ковидот доаѓа тивко, но заминува болно и гласно,

зарем Вас се уште не Ви е јасно.

Овој монструм го скрати животниот век,

бидејќи за него се уште не постои лек.

За три дена повторно дежурство, ноќна смена,

за белиот мантил нема никаква замена.

#Посветено на сите здравствени воини

Фејсбук-статус на д-р Нико Беќаровски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Татко ми го фрлија во гроб како ѓубре: Потресно писмо на Филип Трендафиловски

Господине Венко Филипче, немам много што да прашам повeќе имам да кажам. Татко ми на ден 15.10.2020 беше примен во Кумановска Болница на Интерно одделение со температура и кашлица на кој на 15.10.2020 му беше направен рентген со црна дамка на белите дробови и константирана ПНЕВМОНИЈА и беше вклучен на […]