По смртта на браќата Марјан (26) и Горан (21) Ѓерѓеви, од коронавирусот во последното деноноќие почина и нивниот дедо, информира порталот „Фактор“.
Позитивни на вирусот се и нивниот татко и најголемиот син, но за среќа со полесна клиничка слика и тие се лекуваат во домашни услови.
– Во болницата во Кавадарци во последните 24 часа починаа двајца пациенти. Едниот од нив е дедо на момчињата Ѓерѓеви кои имаа сериозни компликации од ковид и не ја издржаа борбата со вирусот поради нивната хронична болест, апластична анемија. И нивниот дедо имаше повеќе коморбидитети, по што за жал и тој почина. Во ова семејство, позитивен на вирусот е и третиот брат. Но, за среќа се уште нема побарано болнички третман. Оттука, претпоставувам дека има полесна клиничка слика, па неговата здравствена состојба се следи кај матичниот лекар – вели д-р Диме Коцев, директорот на Општата болница во Кавадарци.