fbpx

Сведоштво на Маја Павловска: Мајка ми почина од корона, немаше позитивен тест пред да заврши во болница

Драги пријатели, познаници. Мајка ми почина од корона. Би сакала да споделам неколку информации и искуство кои се надевам ќе помогнат на вас или некој ваш близок.

Кашлицата и температурата се симптоми кои се важни, но може и да не значат многу и пациентот да е стабилен. Убаво е да си набавите пулс – оксиметар кој ни покажува колку е сатурацијата на кислород во крвта. 95 до 100 е нормална сатурација, под 92 веќе не е добро. Ова ви е показател кој е навистина важен и директно ни кажува како работат белите дробови.

На мајка ми сатурацијата пред да биде хоспитализирана беше 77 до 82. Со ренген снимка се дијагностицираше масивна пневмонија со завземено едно белодробно крило. Со кислородна поддршка со цевче за многу кратко и се стабилизираше над 95. За жал пред да ја хоспитализираат немавме позитивен корона тест.

Бидете внимателни, без корона тест не примаат никаде, освен во 8ми септември, каде буквално се смилуваа да ја примат и се водеше како суспектен пациент. На време имајте си тест бидејќи во вакво време на пандемија е многу важно. Знам дека тешко се стигнува до термин, доколку сте во можност направете го тоа на приватно.

Ве молам водете грижа за навремено реагирање бидејќи преку ноќ може да се влоши состојбата кај луѓе со пропратни дијагнози. Нас ни рекоа дека е навремено хоспитализирана, два дена беше стабилна, но за жал нагло се влоши состојбата што е типично за болни од ковид.

Јас верувам и знам дека докторите и цел медицински персонал даде се од себе и дава се од себе за сите хоспитализирани лица. За жал е време на пандемија и нема доволно персонал, а пациенти се премногу. Ова се однесува за цел персонал кој директно се соочува со оваа состојба на пациентите, што за жал не можам да го кажам за матичниот лекар (чест на исклучоци), каде што не секогаш навремено реагираат и препраќаат и не доволно сериозно ја сфаќаат состојбата и сериозноста на симптомите на пациентите.

Носете маски, штитете се, чувајте се вие и сите ваши најблиски, само така можеме да им помогнеме.

Не верував дека на своја кожа ќе искусам, но короната е реална и тука, иако на некој се уште не му се верува што е до некаде нормално бидејќи е тешко да се прифати што значи една ваква вонредна состојба за сите нас.

Фејсбук-статус на Маја Павловска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Имаше срце како планина: Почина Бојо Андрески

По кратко ненадејно боледување и сериозни компликации во последните денови, вечерва почина професор доктор Бојо Андрески, основач и сопственик на Европски Универзитет, јавува порталот „Вечер“. Бојо Андрески, роден 1960 година, беше лидер на Партијата на правдата, сопственик на печатеното издание на весникот Вечер Прес, основач и сопственик на првиот Универзитетски […]