По кратко ненадејно боледување и сериозни компликации во последните денови, вечерва почина професор доктор Бојо Андрески, основач и сопственик на Европски Универзитет, јавува порталот „Вечер“.
Бојо Андрески, роден 1960 година, беше лидер на Партијата на правдата, сопственик на печатеното издание на весникот Вечер Прес, основач и сопственик на првиот Универзитетски центар за стоматологија.
„Секогаш ќе остане запаметен како претприемачки човек со силен карактер, визија и грижа за сите околу себе. Човек со срце како планина, широк во делувањето, татко на две ќерки и дузина внуци.. Почивај во мир голем човеку! Големо сочуство до сопругата, ќерките Билјана и Александра со семејствата“, пишува „Вечер.мк“.