МПЦ денес го обележува денот кога моштите на Свети Ѓорѓи се пренесени од Никомдија во Лида (денешна Палестина).
Денес во сите православни цркви верниците во текот на богослужбите ќе се потсетат на Свети Ѓорѓи и неговото значење во христијанството.
Кај нас постои верување дека на овој ден ништо не смее да се изнесе од куќата бидејќи во спротивно цела година ќе имате само расходи без приходи.
Народното верување вели и дека денес не смее да се преде волна, како и дека ништо не смее да се пере. Жените не би требало да везат било какви рачни работи.
Денешниот ден се смета и за еснафска слава на кројачите и чевларите.
Исто така народните преданија велат и дека зимата доаѓа со Свети Ѓорѓи, а заминува со Ѓурѓовден.