Иван Бекјарев почина денес во Белград на 74-годишна возраст, дознава српски „Блиц“.
Популарниот актер минатиот месец се зарази со коронавирусот, а пред десетина дена му се влоши здравствената состојба.
Последната недела беше на Инфективната клиника во Белград.
Бекјарев дозна дека е позитивен на Ковид-19 додека снимаше филм, по што веднаш го напушти сетот.
Славниот Курчубиќ од култната серија „Подобар живот“ одигра повеќе од 150 улоги во театар и сними преку 50 филмови.