Поранешниот кошаркар на Раднички од Крагуевац, Јанко Танасијевиќ, почина на 25 години после долго и тешко боледување.
Пред две години му бил дијагностициран канцер, а болеста прогресирала во април годинава кога почнале да се собираат и донации за негово лекување.
За Раднички активно играше до ноември 2018 година. Со тимот на Универзитетот во Крагуевац освои бронза на Светското универзитетско првенство во баскет 3на3 во Кина 2016 година.
Беше студент на Машинскиот факултет.