Без симптоми, најверојатно од Ковид-19, почина 35-годишна жена од Охрид, информира порталот „Магазин.мк“.
Наводно, трагедијата се случила за миг.
Ивана пред два дена имала покачена температура која ја спуштила со таблети, но следниот ден повторно ѝ се покачила по што било алармирано во Брзата помош. Веднаш била однесена на инфективното одделение во Охрид и ставена на кислородна поддршка.
Поради влошената состојба, лекарите одлучиле таа да биде префрлена во Скопје, но по пат кај Кичево починала, пишува „Магазин.мк“.