Реномираниот гинеколог и акушер, д-р Драган Ранков, почина во Општата болница во Кикинда од коронавирус.
Добитник е на повеќе интернационални признанија, а ќе остане запаметен по својата посветеност и неисцрпна енергија кога е медицината во прашање. Им беше омилен доктор на различни генерации родилки, информираат српските медиуми.
Д-р Ранков беше истакнат член и претседател на Ротари клубот во Кикинда. Имаше 74 години.