fbpx

И покрај сѐ, одлучив да бидам со него: Аделина Тахири проговори за сопругот

За бракот на Аделина Тахири со познатиот адвокат Серјожа Марков пред неколку години се крена голема прашина во медиумите.

Не само поради разликата во годините, туку и поради фактот што се партнери од различна националност.

Во една прилика атрактивната пејачка откри дека ѝ требало подолго време да ја прифати поканата да излезат на кафе.

– Еден ден му реков: Јоже, јас треба да избирам меѓу тебе и татко ми и брат ми. Тие нема да прифатат. Тој, пак, ми одговори: Аделина, животот е многу краток и треба да го правиш тоа што ти го чувствуваш. Секако, одлучив да бидам со него. Зошто треба да имам предрасуди? Зошто треба да живеам за туѓи животи? Секако дека треба да живеам за себе. Моите многу добро го прифатија и тој и татко ми сега се многу блиски. Јас навистина сум многу среќна жена – раскажа Тахири во интервју за порталот „7дена“.

Двојката го има синот Јон.

Ова е втор брак за Марков, во јавноста познат како поранешен адвокат на Сашо Мијалков и брат на сопругата на Иво Котевски.

Пред пет години тој беше избран за Почесен конзул на Република Молдавија во Република Македонија.

Следни Објави

Ги оплемени нашите души: Неверување по смртта на 45-годишниот Бојан

Бојан Златановиќ Токан, тапанарот на популарниот српски состав „Амадеус бенд“, почина по тешката борба со коронавирусот. Бојан ја изгуби битката во 45-та година од животот, а музичарите од целиот Балкан се во шок по оваа тажна вест. Со емотивен статус од него се простија и неговите најблиски колеги од групата. – […]