Младиот музичар и јутјубер Марио Арангеловски е позитивен на Ковид-19. Тој денеска ги информираше фановите на социјалните мрежи дека чувствува морална обврска да сподели дека е инфициран со вирусот.
– Веќе шест дена сум во изолација поради контакт со позитивно лице (татко ми), со тоа што, дента кога тој ги доби позитивните резултати, кај мене се појавија првите симптоми. Не би сакал да зборувам за тоа како се чувствувам, оти состојбата варира, но, се надевам дека се ќе помине без сериозни последици. Чувајте се – напиша тој на „Фејсбук“.