Новинарот Милош Лукиќ почина на 35-годишна возраст како последица од Ковид-19, јавуваат српските медиуми.
Кариерата ја започна во телевизијата Галаксија 32 во Чачак каде работеше како дописник, а подоцна стана уредник на новинската агенција „ФоНет“. Последните неколку години беше фокусиран на новинската агенција „МНА“ како нејзин основач и сопственик.
– И покрај младоста, се покажа и докажа како врвен професионалец кој неуморно и одговорно работеше со огромна љубов кон новинарството. Беше колега за пример, креативен и добар човек – напишаа неговите колеги од „ФоНет“.