fbpx

Со децата ме исфрли на улица: Потресна животна приказна раскажа македонската актерка

Потресна животна приказна пред неколку години раскажа актерката Амернис Нокшиќи.

Нашата докажана глумица гласно потсети на насилството врз жените и девојчињата. 

– Крајот на ноември за мене отсекогаш беше симбол за една есенска романса. Си отидов од дома и од државата, за таму нему да му бидам се’. Големите ветувања и планови за заедничка среќа се претворија во кошмар, очај и страв. Се најдов исфрлена на улица, јас и моите ќерки.. Останавме без ништо. Завршивме во шелтер за жени и деца, жртви на семејно насилство. Модринките поминаа, но се’ уште печат лузните што тој ги остави во душата. Жал ми е што моите ќерки ќе живеат со траумата дека сите мажи се исти. Затоа што не се! – раскажа Нокшиќи.

Се работи за вистинската животна приказна на Ѓултен. Амернис во таа прилика нагласи дека постојат уште илијадници нераскажани приказни од жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство.

Следни Објави

(ФОТО) Естрадата во солзи: Последно испраќање на Бојан

Естрадата се обедини на погребот на Бојан Златановиќ-Токан, тапанарот на популарниот српски состав „Амадеус бенд“. Меѓу присутните можеа да се забележат Дарко Филиповиќ, Немања Стевановиќ, Слаѓа Алегро, Милан Динчиќ и многу други. Музичарот ја загуби битката со коронавирусот, имаше само 45 години. Фото: Новости.рс