Повеќе светски медиуми информираат дека од срцев удар на 60-годишна возраст починал легендарниот Диего Армандо Марадона.
Засега не е официјално потврдена информацијата за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
На почетокот на месецов тој беше хоспитализиран откако лекарите му дијагностицираа анемија и дехидрација. И покрај фактот што неговата здравствена состојба почна да се подобрува по деталните прегледи беше констатирано дека во мозокот има хематом, кој мораше итно да се отстрани и тој веднаш од клиниката во Ла Плата беше префрлен во Буенос Аирес.