Микица Здравковиќ, басистот на култниот бенд од Крагуевац „Човек без слуха“, почина на 46-годишна возраст по неколкудневна битка со коронавирусот.
Фанови и пријатели од целиот регион се простуваат од познатиот инструменталист, а меѓу нив и луѓето од нашата „Пасворд продакшн“.
– Почивај во мир, пријателе – напишаа тие на „Фејсбук“.
Здравковиќ беше и музички промотер и еден од основачите на „Аренал фест“.
„Спиј убаво, другар.. И додека свеќите горат, знај дека не’ има. Верни на истата приказна, стоиме во ред, се гледаме наскоро во некој небесен бенд. Не’ задолжи со твојата човечност, со квалитет кој денеска толку многу недостига.. Беше човек со добра и голема душа, исклучително благ и духовит, трпелив и подготвен да помогне.. Секогаш најдобар кога беше најтешко. Еден од најдобрите. Пријател, другар, брат..“, стои напишано на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Лонг плеј“.