Вања ми внесе толку голема светлина и позитивна енергија, што не можам да си го замислам денот без неговото гласче, вели популарната ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева која неодамна стана баба.
Тагата која ја доживеа пред осум години кога го изгуби сопругот, актерот Бранко Ѓорчев, сега ја надополнува со радоста со внукот Вања.
– Моментот кога првпат го кренав во раце Вања јас не можам да го опишам. Само во себе си реков: „Боже ова е дете на моето дете. Па јас доживеав благослов од Бога да кренам во раце дете на моето дете“. Па јас се растопив. Иако не верувам во љубов на прв поглед, е ова беше таква љубов. Збунувачки е и не можам да кажам дека Вања го сакам повеќе од Луција, но таа љубов е посебна, исконска, неверојатна. Вања е за мене ангел кој ми дава крилја да летам. Откако Вања дојде на овој свет, јас сум во сосема друга димензија, за која немам објаснување – раскажува Ѓорчева во интервју за порталот „ММС.мк“.
Целото интервју прочитајте го ОВДЕ!