fbpx

Сакаат да нѐ убијат: Потресно сведоштво на Ирена од Битола, мајка на дете со аутизам

Со клоци и тупаници соседот на битолчанката Ирена Николовска Ристановска удирал на вратата од нејзиниот стан извикувајќи дека ќе ја убие неа и нејзиниот деветгодишен син Лука, дете со аутизам, пишува „Слободен печат“.

Голготата на оваа мајка трае со години, а правна завршница нема, ниту во обвинителството, ниту по приватна тужба.

Поплаките се секогаш дека Лука е гласен, дека скока, дека игра со возот на подот од собата и дека тоа им пречи на двајцата соседи кои потоа доаѓаат на вратата од семејниот стан и со закани, агресија и тешки зборови го прават животот на ова семејство неподнослив.

– Сѐ се завршува со полициски записник и понатаму институциите не реагираат на очигледното дискриминирање од страна на соседот кон детето кое што има посебни потреби – раскажува мајката на Лука.

Целата приказна прочитајте ја на „Слободен печат“.

Следни Објави

Лекарите во шок: Луѓето со оваа крвна група се побезбедни од корона!

Луѓето кои имаат крвна група 0 или Rh- имаат помал ризик од инфекција со коронавирусот, покажало последното големо истражување во Канада во кое биле вклучени над 225.000 волонтери. Кај овие испитаници, ризикот од инфекција бил 12% помал, а ризикот од сериозно заболување или смртен исход дури 13% помал во однос […]