Миша Алексиќ, басист и еден од основачите на „Рибља чорба“, почина на 67 години откако ја изгуби битката со коронавирусот.
Тој неколку дена се лекуваше во болница во Белград и беше приклучен на респиратор, откако му се влоши состојбата.
Тажната вест го вознемири вокалистот на групата, Бора Ѓорѓевиќ, кој со потресна посвета се прости од својот колега и другар.
– Утрово почина мојот брат Миша. Се бореше како лав до последен момент. Заедно свиревме 42 години и не можам да замислам дека повеќе го нема. Повеќе од четири децении не сме се ни наопаку погледнале, а не па да се скараме. Не можам да замислам свирка без него. Се договоривме да умреме заедно на сцена, ама тој побрза. Ти благодарам брате за се’ – напиша Бора Чорба.