Луѓето кои имаат крвна група 0 или Rh- имаат помал ризик од инфекција со коронавирусот, покажало последното големо истражување во Канада во кое биле вклучени над 225.000 волонтери.
Кај овие испитаници, ризикот од инфекција бил 12% помал, а ризикот од сериозно заболување или смртен исход дури 13% помал во однос на оние со крвна група А, Б или АБ.
Според студијата објавена во магазинот Annals of Internal Medicine, сè уште не е утврдено дали овие податоци можат да влијаат на превенцијата или терапијата за коронавирусот.