Во третиот бран на епидемијата на коронавирусот како најчести симптоми лекарите ги издвојуваат болката во грбот, сувата кашлица и отежнатото дишење.
Покрај температурата, течењето на носот, губењето на вкус и мирис, се почест симптом кој се појавува кај заболените од Ковид-19 е промената на кожата, како и отекување на прстите. Црвени и модри пликови обично се јавуваат во период од четири недели по инфекцијата со корона, а се покажало дека и температурата влијае на нивното појавување.
Токму овој симптом го воочил и Игор Сандиќ од Белград кој преку социјалните мрежи апелирше сите кои ќе го забележат итно да се јават кај матичниот лекар.
– Драги мои, морам да споделам едно мое ковид-искуство за кое ретко се зборува, а мислам дека е многу важно и може да им биде од помош на луѓето кои во домашни услови и без лекарски надзор се лекуваат од корона. Станува збор за модра боја под ноктите на рацете. Тоа изгледа исто како да ви се смрзнати од ладно. Доколку го забележите ова, знајте дека мора да алармирате. Лекарското објаснување кое го добив е следно: Во прашање е ниска сатурација, односно, ниско ниво на кислород во крвта. Итно обратете се на лекар кој би требало да ве стави на дополнителен кислород. Тоа време игра клучна улога! Се надевам дека ова ќе ви биде од корист. Чувајте се – напиша Игор.