Сите ние кога ќе отидеме во црква најчесто палиме свеќа, но малку од нас знаат навистина каква е симболиката на свеќата и значењето на овој христијански чин.
Палењето свеќа има длабока симболика.
– Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок.

Палејќи свеќа ние треба да се потсетиме дека треба да живееме во светлината која сме ја добиле преку крштевањето (просветување).
Восокот од кој се прават свеќите треба да биде чист, а се добива од пчелите кои го собираат само добриот полен од цветовите. Восокот го симболизира и начинот на кој Огнот, односно Божеството, се соединува со душата и ја омекнува и просветлува и неа и оние кои се во нејзино опкружување.
Свеќата, како што гори, ја просветлува околината. Така и совесниот Христијанин, кога се жртвува за Божјата љубов, ги просветува луѓето и им го покажува патот на спасението.
Кога се оди во Храмот, верникот треба да запали свеќи за живите и за покојните. Тоа треба да биде проследено со молитва, за живите да бараме милост и заштита, а за покојните успокојување и спасение на душите.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.