fbpx

Им се лупат нозете, косата им опаѓа: Д-р Беќаровски за излекуваните од корона

Веќе има случаи на пациенти кои успешно биле излекувани од коронавирусот, сега да имаат срцеви проблеми, некои имаат и мозочни удари, кај други се јавува дијабетес, иако претходно немале, кај дел од нив се јавуваат бубрежни заболувања. Сум видел и пациенти кај кои се јавува чудно и необјасниво лупење на нозете, се засилува псоријазата, сето ова се случува во тој пост-ковид период, вели д-р Нико Беќаровски за порталот „Фактор“.

Тој појаснува дека предолгиот стрес, стравовите кои пациентите ги доживуваат за време на лекувањето од Ковид-19, посебно во болнички услови, каде што гледаат една многу поинаква слика и одблиску се соочуваат со цела таа борба да се победи болеста, може да доведат до низа други заболувања.

„Некои пациенти, пак, имаат и опаѓање на косата“, вели тој и нагласува дека за ваквите пост-ковидни појави се’ уште нема научни објаснувања.

Следни Објави

Три тајни кои не ги знае секој: Ова е најдобриот рецепт за славска пченица!

Сварената пченица не смее да се плакне, баш тоа е првата тајна на совршената пченица Постојат многу начини на подготовка на славска пченица. Навидум, сите рецепти делуваат слични, но вкусот и тоа како е различен. Овој рецепт е докажан генерации наназад и секој што го пробал е воодушевен од крајниот […]